„Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан, и оваа прилика ја користиме за лобирање за македонските интереси и политики!“.
Вака напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. Во Скопје попладнево пристигнаа лидерите од Западен Балкан за претстојниот самит.
Премиерот претходно ја пречека еврокомесарката за проширување Марта Кос со која имаше средба. Тема на разговорите меѓу Мицкоски и Кос беа Планот за раст и Реформската агенда. Премиерот објави дека на средбата ја нагласил потребата за достоинствена интеграција на Македонија во ЕУ и дека истакнал дека посетата на еврокомесарката е силна потврда за реформската енергија на владата.
Марта Кос утре, 1 јули, ќе учествува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој и посака срдечно добредојде.