Background

Мицкоски ги повикува граѓаните да го заокружат бројот 9 за развој на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на народен митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, потенцирајќи дека граѓаните имаат само две опции на изборите – коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица или ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери.

На денешниот митинг во Долнени, Мицкоски порача дека слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е: „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

– На овие избори имаме две опции, две понуди. Едната е коалицијата создадена на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но и гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата составена од СДСМ, ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон нашата партија. И втората опција е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете понуди кои граѓаните ќе ги имаат пред себе. Трета опција нема – рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека коалицијата СДСМ-ДУИ ја уназадувала државата седум години, додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци гради темели за подобра иднина на граѓаните.

- Advertisement -
Ad image

– Првата опција нѐ враќа во времето кога државата се ограбуваше, кога народот буквално живееше на товар на власта и кога државата се распродаваше. Втората опција е ВМРО-ДПМНЕ, која живее заедно со народот, која секој ден, буквално 7 дена во неделата, работеше по 15 часа за да се исправат погрешните политики на претходната коалиција. Неисплатени плати, неисплатени субвенции – тоа се последиците од управувањето на СДСМ-ДУИ. Целта на овие партии е да се дофрлат до фотелјите и потоа да ја уништуваат нашата татковина, Македонија – истакна Мицкоски.

На крајот од митингот, Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 19 октомври и да гласаат за бројот 9.

– Ве повикувам сите на 19 октомври да го заокружите бројот 9, да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Само така можеме да зборуваме за иднина, развој на општините и прогрес на Македонија – заклучи Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation