Државниот обвинител имаше шанса, ама за жал, не ја искористи, рече премиерот Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање по изјавите на Љупчо Коцевски дека одлуката за негово разрешување е политичка.
– Не очекуваме од јавниот обвинител да каже „Да, виновен сум, не успеав во својата работа“. Тоа што го кажува е очекувано. Аргументите јавноста ги гледа, јавноста сведочи за неговата работа, за работата на обвинителството, на судовите, повторно ќе кажам на малкумина, за жал и тој е заробеник меѓу малкумината на обвинителството. Имаше можност, имаше шанса, за жал, не ги искористи – истакна Мицкоски.


























