Топ Вести - Слушај сега
На иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.Како што е најавено, на средбата ќе се разговара за реформските закони од областа на правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик и можноста за укинување на техничката влада, како и за други прашања што ќе ги предложат учесниците.
Од опозициските партии, учество потврдија лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го одби повикот за лидерска средба.
Филипче на прес-конференција на 8 јануари изјави дека не прифаќа разговори за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека премиерот бара „алиби за распишување предвремени избори“. Според него, техничката влада треба да остане како гаранција за фер избори и механизам за спречување злоупотреба на институциите. Во однос на реформските закони, Филипче истакна дека дебатата треба да се води во Собранието, каде што СДСМ ќе ги поддржи сите квалитетни решенија. Тој додаде дека партијата ќе учествува на парламентарни избори доколку бидат распишани.
На лидерската средба се очекува да присуствуваат и претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, како дел од коалицијата ВРЕДИ.
ДУИ синоќа на седница на Генералниот совет во Мала Речица едногласно одлучи партијата да учествува на средбата. Портпаролката Арта Биљали Зендели изјави дека барањата на ДУИ ќе ги соопшти лично лидерот Али Ахмети.
Од Левица порачаа дека се подготвени да прифатат укинување на техничката влада, но под услов да се воведе една изборна единица. Пратеникот Амар Мециновиќ информира дека партијата ќе присуствува на најавената лидерска средба.
Tagged as:
без Филипче Мицкоски денеска прави лидерски собир со Ахмети и Апасиев
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
