Background

Мисајловски откри што било во фокус на сoстанокот во Брисел

„Има некои земји кои се веќе над 3,5 проценти, има земји што веќе стигаат и до 5 проценти, но она што е битно да го кажеме е дека многу земји не стигнале ни до два проценти. Развиените земји се обидуваат со текот на годините да стигнат до 3,5 проценти, што е навистина тешко затоа што тоа се големи економии“.

Вака изјави во интервју за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски кој денеска, 5 јуни, присуствуваше на состанок на министрите на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел. Тој открива дека нНа состанокот се договарало сите земји заеднички да достигнат до прагот од 3,5 проценти во наредниот период од 10-тина години, но и секоја земја дополнително да вложува и во одбраната и во инфраструктурата.

Во однос на предлогот на генералниот секретар  на НАТО Марк Руте за постепено зголемување на трошоците до ниво од пет проценти од БДП до 2032 година, Мисајловски рече дека се разговарало за некаков просек на години за остварување на оваа цел, но дека е најважно секоја земја да го достигне тоа колку што може побрзо.

- Advertisement -
Ad image

Тој вели дека Македонија ќе работи на својот план да достигне 5 проценти, но тоа да биде согласно развојот на економијата.

Фото: Министерство за одбрана

– Многу земји веќе имаат започнато со планови како да достигнат до овие проценти. Ние исто така ќе работиме, ќе ги подобриме сите наши документи, заедничи ќе го направиме тоа со сите институции и за во наредниот период, полека, со текот на годините, да расте и Буџетот на државата, што е многу важно за да биде поголем и буџетот на Министерството – истакна Мисајловски.

Министерот за одбрана вели дека најважно е да се модернизира самата Армија, што е дел од целите поставени од НАТО. Тој ја истакнува важноста за инвестиции во одбраната и во наменската индустрија.

– Има доста компании, јас во последниов период сретнав десетици од нив, кои имаат интерес да инвестираат во различни сфери поврзани со одбраната и безбедноста. Ова се сериозни компании што би инвестирале многу средства. Тоа ќе ја раздвижи економијата, но исто така ќе помогне и во (достигнување на) овие проценти и за развивање на другите сфери, – рече Мисајловски.

Дојче Веле коментира дека на состанокот министрите за одбрана на НАТО усвоиле нови цели за земјите-членки, што претставуваат масовно зголемување на вооружувањето за европските земји. Се вели дека ова е најголема програма за вооружување по Студената војна и дека деталите за насоките се тајни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation