Мисајловски на првиот академски час на Воената академија

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој e во официјална посета на земјава, се обратија на првиот академски час на Воената академија, со што и официјално почна новата учебна година за идните офицери на Армијата на Македонија.

На новите питомци министерот Мисајловски им порача да бидат горди што се дел од етаблирана и регионално позната Академија која ги создава идните лидери за македонската Армија и за вооружените сили на неколку земји од регионот.

Фото: Министерство за одбрана

– Вие сте срцето на татковината, од вас ќе излезат нови генерали, офицери. Гордост е да се види оваа слика со македонската униформа, но и со питомците од пријателски земји кои се заедно со нас – им порача министерот Мисајловски на питомците.

Посочи дека со вклучувањето на питомци од Босна и Херцеговина и од Црна Гора, ја развиваме регионалната соработка, а Академијата е симбол за знаење и лидерство.

– Бидете силно ангажирани, покажете како се сака татковината, зашто вие сте иднината на Армијата – потенцира Мисајловски.

Министерот Хелез истакна дека целите како стабилност, мир и членство во евроатлантските структури, не се само политички аспирации, туку потреба за нашите народи за сигурност, просперитет и за достоинствен живот.

– Министерството за одбрана и вооружените сили на Босна и Херцеговина продолжува со интензивните реформи, за да бидеме целосно интероперативни со силите на НАТО и во согласност со европските стандарди. Во тој процес, искуствата и поддршката од земјите како вашата кои поминаа низ тие фази за нас се драгоцени – нагласи Хелез.

На првиот академски час се обрати и деканот на Воената академија, полковникот Ненад Танески, кој на питомците им порача дека „униформата која ја носите е симбол на чест, доверба и служба, кон татковината и кон регионалната безбедност и мир.

– Средбата во ист состав, по четиригодишното образование, кога питомците ќе бидат промовирани во потпоручници, ќе биде најдобрата потврда за заедничкиот успех – рече Танески.

- Advertisement -
Ad image
Фото: Министерство за одбрана
Share This Article