„До претседателот на САД, Доналд Трамп. Играме за мир“.
Вака напиша светската фудбалска легенда Кристијано Роналдо на дресот што му беше даден на претседателот на САД, Доналд Трамп. Дали Роналдо сакаше да му испрати порака на Трамп во време кога војуваат Израел и Иран?
Дресот на Трамп му беше врачен од шефот на Европскиот совет Антонио Кошта за време на самитот на земјите Г7 во Канада. Трамп на самитот одби да ја потпише заедничката изјава на земјите за конфликтот во Иран и го напушти настанот предвреме.
Денеска, 18 јуни, западните медиуми пишуваат дека Трамп размислува да се вклучи во војната на страната на Израел и дека имал 90-минутен состанок со својот тим во врска со ова прашање.