Топ Вести - Слушај сега
Сменета е процедурата како да се стигне до лековите за пациентите со ретка болест, рече министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
– За првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка заради една цел. Како што знаете, секоја година оваа категорија граѓани кои имаат ретка болест со задоцнување ги добиваа лекарствата или, за жал, чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза – кажа Алиу.
Тој појасни дека вториот момент е што е тешко да се направи точна анализа за бројот на пациенти кои ќе ги бидат опслужени во текот на целата година, земајќи го во предвид моментот дека пациентите се млади, а лекарствата се поврзуваат со тежината на пациентот.
– За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за 3 години. Во случај ако се трошат повеќе од количините кои ќе ги имаме како држава, ние ќе имаме време да отвориме друга постапка, а со цел да граѓаните да ги добиваат тие лекарства навреме. Ако се гледа на ниво на годината, тендерската постапка ќе биде за 3 години, односно ќе се користат толку количини за колку имаме потреба во државата. Да бидат спокојни и граѓаните и родителите дека државата и Министерството за здравство нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за овие лекарства – потенцираше Алиу.
Tagged as:
Министерството за здравство наеднаш ќе набавува количини за 3 години
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
