Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.

Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 11 лица на подрачјето на СВР Штип кои се во краткотраен притвор од 48 часа.

Според министерот Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.

– Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите – истакна Тошковски.

Во диското имало 500 лица а продадени биле 250 билети.

Вчера бил извршен разговор со градоначалникот на Кочани и ако се утврди дека сторил нешто незаконско, ќе сноси одговорност.

– Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите – потенцира Тошковски.

Министерот најави дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article