Министерот за правда Игор Филков соопшти дека најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.
– Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители – вели Филков порачувајќи дека правда мора да има и ќе има.