Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна на Алјаска за претстојниот руско-американски самит во сив блузон со натписот „СССР“. Снимката која се појави на Телеграм каналот на весникот „Известија“ се прошири на социјалните мрежи. Лавров даде брза изјава одејќи од службениот автомобил до хотелот во Енкориџ.
– Никогаш не планираме ништо однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме – рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за проценка на веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат руските медиуми.
Тој, исто така, рече дека „многу е веќе направено за време на посетите на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф“ кој во Москва разговараше со Путин во име на претседателот Трамп.
– Се надевам дека ќе го продолжиме овој корисен разговор.
Трамп и Путин денеска треба да имаат тет-а-тет средба во базата во базата Елмендорф-Ричардсон од Студената воја. За подоцна е најавено да им се придружат и делегации од по 5 преговарачи. Лавров е дел од руската делегација.
Централната тема на состанокот ќе биде решавањето на украинската криза, изјави претходно помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.