Background

Министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство од лабуристичката партија, Шабана Махмуд, само неколку месеци по преземањето на функцијата, го претстави најобемниот план за реструктуирање на системот за азил во последните 40 години, а во неговиот центар се и околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени

Министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство од лабуристичката партија, Шабана Махмуд, само неколку месеци по преземањето на функцијата, го претстави најобемниот план за реструктуирање на системот за азил во последните 40 години, а во неговиот центар се и околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени, објави Топ чанел.

– Има околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени, но нивното депортирање во моментов не се спроведува од страна на Министерството за внатрешни работи, и покрај тоа што Албанија има златен стандард за соработка со Обединетото Кралство за враќање и е потписничка на Европската конвенција за човекови права. Ќе започнеме консултации за процесот на депортирање на семејствата, вклучително и децата – изјави Махмуд во британскиот парламентот, додека ги презентирала драстичните измени во законот за имиграција.

Според Топ чанел, мерките предизвикале загриженост дури и во самата Лабуристичка партија, која признава дека депортацијата на деца и семејства се смета за „болна и политички деликатна“.

- Advertisement -
Ad image

– И покрај тоа што од страна на Обединетото Кралство, Албанија се смета за сигурен партнер во враќањето на граѓаните, нашата земја се врати во центарот на британската дебата за миграцијата – констатира телевизијата.

Последните неколку години на британско тло илегално пристигнале над 20 илјади албански граѓани, главно од северниот дел на земјата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation