Background

Минчев го најави новиот циклус на обуки на административците

Реформите во јавната администрација не се само ветувања или празни зборови во уште една владина програма, туку вистински дела што се гледаат, чувствуваат и го менуваат секојдневието на граѓаните. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема доверба без професионални, одговорни и мотивирани службеници.

Ова денеска го изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во Тетово на почетокот на вториот циклус на генерички обуки за административните службеници во Полошкиот регион со што продолжува реализацијата на реформската агенда за професионална, ефикасна и современа јавна администрација.

На настанот присуствуваа претставници од институциите, административни службеници, како и експерти и обучувачи вклучени во обуката.

- Advertisement -
Ad image

Министерот нагласи дека со овие обуки државата поставува нов стандард во начинот на кој се грижи за своите службеници, со повеќе од 600 обучени лица од претходниот циклус, а новиот циклус продолжува со уште поголем интензитет и покриеност низ сите региони.

– Овие обуки се практични, современи, инспирирани од најдобрите европски примери и имаат за цел не само да пренесат знаење, туку и да ја менуваат културата на работење – да создадат службеници кои не работат затоа што мораат, туку затоа што сакаат да направат разлика – рече Минчев.

Тој потсети дека во изминатата година Министерството направи сериозни чекори во реформите на јавната администрација – со нови законски решенија што ја зајакнуваат отчетноста и транспарентноста, модернизација на системот за човечки ресурси, системот за онлајн обуки и воведување на нови практики за професионализација и ефикасност.

Дополнително, тој ја нагласи важноста на јавната администрација како темел на државноста и двигател на европската интеграција:

-Европеизацијата не почнува во Брисел – таа почнува овде, во секоја општина, на секој шалтер, во секој службеник кој ја работи својата работа со чест, со почит и со интегритет – рече Минчев.

Според него јавната администрација не е трошок – таа е инвестиција.

-Инвестиција во стабилност, доверба и државност. Денес градиме систем што ќе биде транспарентен, човечки и европски по дух. Сега е моментот да покажеме дека државата може да функционира поинаку – со ред, со принципи и со резултати – рече Минчев.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation