Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси откри кои според него се најголемите фаворити за освојување на претстојното Светско првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.
Иако сè уште не потврдил дали самиот ќе игра на турнирот, тој јасно издвои неколку тима што ги гледа во борбата за трофејот.
„Има многу одлични тимови. Шпанија, Франција, Англија, Бразил – кои исто така долго време не биле шампиони – сигурно сакаат да го освојат турнирот“, рече Меси.
Тој додаде дека не треба да се заборави ниту Германија.
„Германија, која секогаш имаше мотивација да ја победи Аргентина, сега ја сака уште повеќе по последното Светско првенство. Ќе биде исклучително тешко, но не се сомневам дека ќе се борат за титулата“, рече тој во интервју за ESPN.
Аргентина е во групата Ј на Светското првенство, заедно со Алжир, Австрија и Јордан.



























