Во Рим вчера била забележана сцена која изненадила многумина. Меѓу илјадниците верници и туристи, кои се собрале на плоштадот Свети Петар да го дочекаат објавувањето на новиот поглавар на Римокатоличката црква, се појавил и Хари Стајлс.
30-годишниот британски пејач, добитник на 3 Греми награди и глобална музичка икона, стоел ненаметливо меѓу „обичниот свет“, без обезбедување, носел сива шапка со натпис „Techno is my boyfriend“, со црни очила и со сино палто.
Сведок на историја: Првиот папа од САД
Стајлс се појавил во моментот кога папата Лав 14 го одржувал својот прв јавен говор. Станува збор за првиот папа од САД во историјата, а конклавата траела 2 дена пред да биде објавен изборот официјално.
За да биде сѐ поинтересно, Хари не бил гостин со ВИП акредитација, туку дел од „обичните луѓе“, тивок и со почит, како и самиот тој да ја чувствува тежината на моментот.
„Денес на доделување на Греми, утре го чека папата“
Социјалните мрежи „експлодирале“ штом се појавиле фотографиите и видеата. Фановите ширум светот не можеле да веруваат каде го затекнале.
Еден корисник на социјалната мрежа Икс напишал: „Хари Стајлс е вистински лик, денес на Греми, утре трча маратон во Јапонија, а потоа ете го во Рим, го чека папата. Го обожувам“.
Други се пошегувале: „Не можам да верувам, новиот папа прв ден на работа, а веќе го видел Хари Стајлс. Што го чека наредните денови?“
Маратонец, музичар и мистик?
За потсетување, Хари минатиот месец учествувал на маратонот во Токио којшто го завршил за помалку од 4 часа, пред повеќе од 20.000 учесници. Од светлата на рефлекторите до тишина на римските плоштади, Хари како да го бира животот на сопствен начин, без оглед на очекувањата.