Мексико поднесе тужба против компанијата „Гугл“ поради промена на името на Мексиканскиот Залив. Веста ја соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
„Гугл“ во својата апликација „Google Maps“ го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив, со што се усогласи со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп.
На 20 јануари, откако повторно се врати во Белата куќа, Трамп потпиша указ за промена на името на заливот.
Претставничкиот дом на Конгресот на САД вчера усвои текст со кој се официјализира промената на името и со кој претседателскиот указ добива сила на закон.
Шејнбаум во февруари го предупреди „Гугл“ дека планира да го тужи доколку не го врати оригиналното име „Мексикански Залив“ во својата апликација.
Според мексиканската влада, указот на Доналд Трамп се однесува само на оној дел од континенталниот појас што припаѓа на САД.
Како одговор на указот на Трамп, Шејнбаум веќе предложи САД да бидат преименувани во „Мексиканска Америка“, алудирајќи на географската карта од 1848 година, кога една третина од Мексико била отстапена на САД според Договорот од Гваделупе.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
