Српското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека лицето М.М. (1983), обвинето за кривично дело кражба, се обесило во полициското комбе додека било транспортирано кон затворот, по враќањето од судот кој му одредил мерка притвор, пренесуваат српските медиуми.
Според официјалните информации, обвинетиот бил задржан со лисици на рацете, бидејќи веднаш по донесената судска одлука се обидел да побегне. Полициските службеници интервенирале, го привеле и го сместиле во полициското комбе за транспорт.
За овој инцидент се известени Основното јавно обвинителство и Вишото јавно обвинителство во Ваљево. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите околности поврзани со случајот ќе бидат темелно испитани во соработка со надлежните обвинителства и полициските служби.
фото: МИА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
