Марк Закерберг, еден од најбогатите луѓе во светот и основач на Мета, изгради империја на недвижности низ САД – од Силиконската долина, преку Хаваи, луксузна вила на само неколку минути од Белата куќа во Вашингтон до имот на езерото Тахо

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Марк Закерберг, еден од најбогатите луѓе во светот и основач на Мета, изгради империја на недвижности низ  САД – од Силиконската долина, преку Хаваи, луксузна вила на само неколку минути од Белата куќа во Вашингтон до имот на езерото Тахо.

Од 2011 година, Закерберг потрошил над 110 милиони долари во Пало Алто, Калифорнија, купувајќи куќи една по една и претворајќи ги во уникатен комплекс од дури 11 имоти.

Неговиот главен имот вклучува базен со солена вода, зимска градина, повеќе пансиони, па дури и приватно училиште, чија легалност е спорна. Соседите, сепак, не се воодушевени – тие тврдат дека населбата целосно го променила својот карактер и дека се чувствуваат под опсада од приватното обезбедување.

Закерберг неодамна купи вила во ексклузивата населба Вудленд Норманстоун во Вашингтон, за која платил 23 милиони долари во готово. Имотот од 1.400 квадратни метри е сместен меѓу амбасади и луксузни резиденции, на само неколку чекори од паркот и американската поморска опсерваторија.

Според агентите за недвижности, оваа купопродажба била и политички сигнал – начин да се приближи до сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Најголемата и најконтроверзната инвестиција на Закерберг е на хавајскиот остров Кауаи, каде што потрошил повеќе од 100 милиони долари на имот од 1.400 хектари познат како ранч Ко’олау.

Комплексот вклучува две вили со вкупна површина од 57.000 квадратни метри, подземен бункер од 500 квадратни метри и повеќе од 30 спални соби и бањи. Опкружен со ѕидови високи два метри, овој „мини-град“ е дизајниран да биде самоодржлив во случај на вонредна состојба.

Сепак, локалната заедница го обвинува за „колонизирање на Кауаи“, а сè е дополнително обвиткано во контроверзии по несреќите и смртта на работниците на градилиштето, објавува Investor me.

Покрај сè, Закерберг поседува и два имота на брегот на езерото Тахо, во вкупна вредност од 59 милиони долари. Куќите познати како „Карусел“ и „Бршвуд“, скриени од јавноста, се користат за приватните одмори на неговото семејство.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article