Српската пејачка Марија Шерифовиќ во саботата вечер, пред преполната белградска публика во Сава Центар го одржа својот втор концерт.
Во првиот ред се наоѓале нејзините најблиски, членови на семејството, пријатели, но и колеги и соработници. Таму бил и композиторот Бане Опачиќ.
Шерифовиќ во еден момент се симнала од сцената и дошла во првиот ред да ги поздрави своите најблиски, а кога му пришла на Бане го прашала да го бакне во уста.
Тој бакнеж навистина се случил, на што публиката реагирала со врисоци и аплаузи, а нејзиниот гест насмеал многумина.
– Верувам дека сега тропа со прстите, се смее и ужива. Многу ми е тешко да не кажам ништо. Беше привилегија да се познава Сале. Ми зеде дел од душата, никогаш нема да го заборавам и нему му го посветувам овој концерт – изјавила Марија Шерифовиќ и потоа го свртела грбот кон публиката за да не ја видат како плаче.