Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави ослободувањето на првите седум израелски заложници ослободени од Газа утрово, нагласувајќи дека со овој чин „мирот станува можен за Израел, за Газа и целиот регион“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Ја споделувам радоста на семејствата и израелскиот народ, напиша Макрон на социјалната мрежа X.
Со нивното ослободување, како и на другите заложници, мирот станува можен за Израел, Газа и целиот регион, рече Макрон, кој ќе им се придружи на светските лидери на самитот во Египет каде што се очекува да се дискутира за планот на САД за завршување на војната во Газа.