Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот лидер Емануел Макрон потпишале писмо за намера со кое Киев ќе може да купи до 100 француски борбени авиони „Рафал“, јави Франс 24.
Потписот бил ставен на воздухопловната база Вилакубли, крај Париз, во присуство на министрите за одбрана и делегации од двете земји.
Авионот „Рафал“ е гордост на француската авијација и симбол на европската одбранбена технологија. Со оваа зделка, Украина добива перспектива за долгорочна воздушна одбрана и можност да ја замени советската флота со модерни летала.
Меѓутоа, договорот не значи итна купопродажба. Според Елисејската палата, планот ќе се реализира во рок од 10 години и вклучува и системи за радар, дронови и идната генерација на воздушен штит SAMP-T, кој Франција го развива со Италија.
Макрон на социјалната мрежа Икс напиша на француски и украински:
„Голем ден“, придружувајќи ја пораката со фотографија од потпишувањето.
Некои од авионите би можеле да дојдат директно од француските залихи, додека најголемиот дел ќе биде дел од долгорочен план за зајакнување на флотата на украинската воздухопловна сила, која има за цел да достигне 250 ловци, вклучувајќи американски Ф-16 и шведски „Грипен“ . Оперативната интеграција на напредните авиони ќе потрае, бидејќи се очекува потребна обука за пилоти.
Зеленски, кој во последната недела се соочува со критики и нов скандал во Украина, ја нарече средбата „историски чекор“ што ќе ја зацврсти независноста на Киев.
– Ова е знак дека Украина никогаш нема да биде сама – истакна украинскиот претседател.
Француските и британските сили веќе ја подготвуваат мултинационалната база на Мон Валериен, западно од Париз, како команден центар за евентуална меѓународна мисија по идно примирје.
Од друга страна, Москва продолжува со интензивни напади. Според украинската војска, руските беспилотни летала во текот на ноќта убиле тројца цивили во регионот Харков, додека 7 лица загинале во претходните напади врз Киев.
Аналитичарите предупредуваат дека зимата ќе биде особено тешка за Украина. Зеленски викендов наредил реконструкција на државните енергетски компании поради корупциски скандал, со што отпуштил двајца министри и вовел санкции за свој поранешен бизнис соработник.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
