Background

Македонците и годинава ќе бидат најбројни во Грција

Омилените летни дестинации на македонските граѓани годинава се поскапи и за 30%, но аранжманите се продаваат вообичаено, бидејќи тие што наумиле да го поминат одморот во странство не се откажуваат.

Најчест избор е Грција, Турција, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Албанија, но и Тунис, Шпанија и италијанскиот остров Сицилија.

Најмногу граѓани и годинава ќе одмораат во Грција како најблиска, и според тоа, најевтина варијанта за годишен одмор, иако и таму цените се повисоки од ланските поради зголемените трошоци и повисоките такси.

- Advertisement -
Ad image

– Логично беше да има повисоки цени ова лето. Секаде е поскапено, во некои земји хотелите ги зголемија двојно цените, но сепак, и годинава не се откажувам од одмор во странство. Традиционално одам во Турција на одмор, но годинава таму е многу поскапо од лани, па се мислам меѓу Грција, како најблиска и Тунис каде што гледам дека цените се пониски од ланските, а таму не сум била на одмор – вели Олгица од Скопје.

И туристичките работници велат дека цените на хотелите за ова лето се повисоки од лани и зависно од земјата и квалитетот на хотелот се повисоки и до 30%, иако има и земји кои ова лето нудат и пониски цени.

– Зголемени се цените во сите земји. Зависно од хотелите може да се каже дека поскапувањето е во распон од 10 до 30%, но има и хотели, на пример во Турција кои го поскапеа престојот и за 50 до 60%. Тоа е резултат на се она што се случува последнава година во однос на трошоците на секој од хотелските капацитети – вели Ана Богоевска од агенцијата „Савана“.

Таа вели дека интересот на граѓаните годинава е пренасочен кон Тунис и Египет каде што цените се пониски од оние во Турција.

– И годинава најголем интерес има за Грција која е најблиска и со тоа најевтина земја за одмор, но имаме и редовни клиенти за Турција која годинава е поскапа од некои подалечни дестинации. Хотелите во Шпанија, Тунис и во Египет годинава нудат поевтини цени од турските хотели,  па дел од нашите клиенти се одлучуваат одморот да го минат таму – вели Богоевска.

Но, дел од граѓаните кои сакаат да патуваат не го прават тоа на исти дестинации и бараат нови.

– За овие клиенти годинава имаме нови дестинации за одмор. Дел од нив се островот Сицилија и Палма Де Мајорка во Шпанија, а ги имаме и далечните патувања. Се зависи од интересот на граѓаните. Имаме и поединечни патувања за Црна Гора, Хрватска и Албанија – вели таа.

Дел од агенциите, пак, велат дека ги задржале истите цени од лани на аранжманите за странство иако странците веќе пресметуваат повисоки трошоци за сместување.

– Имаме исти цени како и ланските за дестинациите што ги нудиме. Во Грција дури имаме и намалени цени – вели Аркан Керим од агенцијата „Генералтурист“.

Анализите на цените на летните аранжмани за 2025 година, покажува дека во некои земји има драстично зголемување на цените, а во некои дури има пониски цени од ланските. Така зголемени цени има во Бугарија, Италија, Португалија и во Кипар, додека пониски цени имаат некои области во Шпанија, Балеарските Острови и Канарските Острови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation