Македонскиот јазик и историја секогаш ќе ги штитиме, порача Муцунски

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска порача дека Владата останува цврсто на браникот на македонскиот јазик, идентитет и историја. Неговата реакција дојде по прашањето на пратеникот Реџеп Исмаил, поврзано со најновите заклучоци на Мешовитата историско-образовна комисија со Бугарија.

Муцунски изненадено прокоментира дека нападите кои изминативе денови доаѓаат од бугарскиот копретседавач Ангел Димитров и од пратеникот Исмаил делуваат „како случајно координиран настап“, но дека тој избира да верува дека станува збор за совпаднување.

– Во рок од неколку дена, прашања и критики за Комисијата дојдоа и од Ангел Димитров и од вас. Некои велат дека во политиката не постојат случајности, но јас ќе изберам добра намера и ќе верувам дека ова е случајно координиран напад – рече министерот.

Тој повтори дека Комисијата треба да работи независно, на основа на научни факти и аргументи, без политички влијанија, и дека секој негов директен политички став би можел да се протолкува како притисок врз процесот.

– Точно е дека има луѓе од другата страна на границата кои сакаат да ја негираат нашата историја, идентитет и јазик. Но затоа веќе повеќе од година и половина државата стои цврсто на позициите – без отстапки по секоја цена – додаде тој.

Муцунски обвини дека Ангел Димитров често го провоцира со цел да го натера да даде политичка изјава, за потоа тоа да се претстави како мешање на македонската влада во работата на Комисијата.

– Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот идентитет, јазик и историја – истакна министерот, уверувајќи дека ниту учебници, ниту документи не биле испраќани во Софија „на одобрување“.

– Тоа е дезинформација и лажна вест – кажа тој.

Пратеникот Исмаил возврати дека Комисијата не може да се гледа како чисто научно тело, бидејќи нејзините заклучоци имаат политички последици, особено кога се работи за прашања поврзани со суверенитет. Тој го праша министерот и „по кој основ“ учебниците за петто и шесто одделение би биле праќани на проверка во Бугарија, што Муцунски го негираше.

- Advertisement -
Ad image

Министерот додаде дека верува во работата на професорот Ѓеоргиев и неговиот тим, нагласувајќи дека Комисијата може да работи со години без конечни договори, но дека важно е процесот да биде заснован на наука, а не политика.

– Би биле најсреќни да докажете дека ВМРО-ДПМНЕ направило отстапка, но наведете една таква од последната година – му порача Муцунски на Исмаил, додавајќи дека не верува дека пратеникот е координиран со историчарите во Софија.

Во завршниот збор, Исмаил рече дека нема никаква координација, дека има поддршка и од други опозициски партии против „агресивните напади врз македонскиот јазик и идентитет“, и предложи Македонија да се повлече од Комисијата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article