Итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот на стоки, бара Стопанската комора од надлежните институции во Косово, откако доби информација од извозници дека неоправдано се задржуваат македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.
Комората, како што соопшти, испратила официјален допис до надлежните институции во Косово, а нејзиниот претседател Бранко Азески денеска ќе има и средба со неговиот косовски колега Лулзим Рафуна, со цел да се најде решение и да се одблокира застојот.
– Според информации кои ги добиваме од домашните извозни компании, на косовската страна на границата се задржуваат камиони од РС Македонија, без соодветно образложение, предизвикувајќи економски штети и нарушување на трговската размена. Бидејќи се работи за прехранбени производи, кои мора да бидат во согласност со здравствените и безбедносни стандарди, протокот треба да биде без застој за да не се наруши континуитетот на домашните извозници, што може да предизвика и финансиски импликации – велат од комората.
Стопанската комора, велат од таму, ги презема сите потребни мерки, ги информираше релевантните институции и укажа дека вакви ситуации предизвикуваат сериозни економски штети на македонските извозници и транспортните компании, се создаваат неоправдани бариери во трговската размена со партнер со кој имаме добри односи и суфицит во трговската размена, нарушувајќи ги притоа регионалните трговски договори и стандардите за слободно движење на стоки.
Tagged as:
Македонски камиони со храна неоправдано се задржуваат на косовската граница
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
