Македонски државјанин рано утрово загина во Србија, на автопатот Нови Сад-Суботица, кон граничниот премин со Унгарија, Хоргош, а друго лице е тешко повредено.
Возилото „киа“ утрово околу 5.15 часот излетало од патот кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело. Загина сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица.
Сообраќајната полиција и обвинител на Основното јавно обвинителство во Суботица извршија увид на местото на настанот.
Полицијата во Суботица соопшти дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
