Background

МАКЕДОНКА ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА, МНР БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ

Министерството за надворешни работи изрази загриженост поради одлуката на властите во Република Србија да протераат македонски државјанин и да му забранат влез во земјата во период од една година. Според српските надлежни органи, лицето претставува „безбедносна закана“.

Во официјалната реакција, Министерството најави дека ќе побара објаснување за оправданоста на преземените мерки.

„Очекуваме дека преземените активности се во согласност со законските рамки на Република Србија, како и со европските и меѓународни стандарди за човекови права“, се наведува во соопштението на МНР.

- Advertisement -
Ad image

Министерството исто така ја нагласи важноста од решавање на ваквите случаи преку дијалог.

„Искрено очекуваме овој случај да биде разрешен на соодветен начин, со добра волја од двете страни. Ова е од особено значење за задржување на пријателските и добрососедски односи помеѓу Македонија и Србија“, изјавија од Министерството за надворешни работи.

МНР посочи дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и да ги користи сите дипломатски канали за да обезбеди заштита на правата на македонските државјани.

Пред два дена Србија протера петмина хрватски државјани, а во групата протерани од Србија беше и Искра Росо, македонска државјанка, извршна директорка на здружението на граѓани Солем. Таа учествуваше на едукацијата на Ерсте фондацијата во Белград, а хрватските државјани присутни на оваа едукација, заедно со други учесници, беа протерани од Србија.

Искра Росо за Радио слободна Европа (РСЕ) вели дека добила забрана за влез во Србија за една година како дел од мерките за „заштита на безбедноста на Република Србија, со кои е утврдено дека престојот на именуваната државјанка на Северна Македонија претставува неприфатлив безбедносен ризик во Република Србија“.

Русо вчера поднела барање во македонското Министерство за надворешни работи (МНР) во кое бара објаснување од српските власти за причините за протерувањето. Од македонското МНР најавија дека ќе излезат со реакција во текот на денот.

Загреб веќе испрати протестна нота до Белград и им препорача на своите граѓани да ги одложат патувањата во Србија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation