Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во своето воведно обраќање на Лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, посветена на Планот за раст, испрати емотивна и јасна порака за поддршка на регионот и Македонија на патот кон Европската Унија.
– Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг – изјави Кос, додавајќи дека е свесна оти реформите кои се бараат не се лесни, бидејќи се судираат со длабоко вкоренети структури на моќ и интереси.
Но, додаде таа, токму затоа се потребни храбри лидери кои ќе ја предводат оваа трансформација.
– Уверувам дека вреди – стабилност, безбедност и просперитет за сите граѓани – нагласи Кос.
Кос додаде дека ЕУ останува посветена да го поддржи регионот и изрази надеж дека Македонија наскоро ќе ги почне преговорите за членство.