Background

Македонија пред екстремно ладен бран, снег, и температури до околу -20°C

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Поради продор на екстремно ладен бран кој полека ќе се спушта од север кон територијата на Македонија ќе дојде до формнирање на секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа и на големи влажни воздушни бранови кои најпрво во Македонија ќе условат да имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места и само снег на повисоките населени места  и на планините. Во почетокот поради присуство на потопол воздух во горниот слој од Атмосферата  и поладен воздух во долниот слој од Атмосферата во Македонија и тоа особено во западните предели ќе има услови и за појава на ледени врнежи па токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни поради можноста за појава на голомразица на патиштата.

- Advertisement -
Ad image

Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен а потоа  и од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Веќе од утрешната ноќ сабота кон недела  и во недела  и понеделник (11  и 12 Јануари) врнежите ќе бидат само од снег со што ќе дојде до формирање на снежна покривка  и во повеќето пониски места (Градови). На планините и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми со што очекувам нови над 30/40 сантиметри снег.

И во Скопје  и околината со овој екстремно ладен и влажен бран од север ќе има врнежи кои ќе преминуваат во снег особено во недела  и во понеделник кога ќе има услови за фомирање на помала снежна покривка  и во Скопската котлина. Ќе дува повремно засилен до силен ветер од јужен а потоа  од северен правец.

За време на овој голем влажен бран локално ќе наврне големо количество на воден талог и тоа особено во западна Македонија (локално над 50 литри на метар квадратен воден талог).

Температурите значително ќе се намалат  и веќе во недела  и во понеделник (11  и 12 Јануари) на повеќе места  и преку ден ќе останат под нулата а наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу и под -10 степени а локално и до околу па  и под -15 степени. На планинските места температурата очекувам да се спушти дури до околу -20 степени.

meteoalarm

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation