Македонија ги скрати давачките, еве што ќе значи тоа за пазарот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со кои се врши значително намалување на царинските стапки за вкупно 67 стоки, најмногу суровини и репроматеријали што се користат во клучни сектори на домашната индустрија.

Истовремено, со новите законски решенија се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави.

Од Министерството за финансии посочуваат дека измените се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024–2028 и се насочени кон постепена хармонизација на царинските стапки со оние што важат во Европската унија.

– Овие измени не се само административна процедура, туку силна порака до деловната заедница. Целта ни е да обезбедиме пониски трошоци за индустријата, да поттикнеме нови инвестиции и да ја зајакнеме конкурентноста на македонската економија – велат од оттаму.

Законот е изготвен во тесна соработка со Стопанските комори и, според Министерството, претставува логично продолжение на веќе воспоставените политики за поддршка на стопанството. Намалувањето на царинските давачки е направено за 50% од разликата меѓу постојните стапки и оние што ги применува Европската Унија, во согласност со правилата на Светската трговска организација (СТО).

Особено значајна е мерката за намалување на царинската стапка на литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија, што се оценува како клучен чекор за поддршка на инвестициските проекти во обновливи извори на енергија и развој на енергетскиот сектор.

– Со оваа измена директно се придонесува за подобрување на стабилноста на електроенергетскиот систем, што е особено важно во услови на енергетска неизвесност во регионот – велат од министерството.

Дополнително, целосната либерализација на увозот на стоки од САД се оценува како стратегиски потег кој ќе ја зголеми конкурентноста на пазарот и ќе ја зајакне трговската соработка меѓу двете земји.

– Ова не е само економска мерка, туку и порака дека нашето партнерство со САД добива нова, продлабочена димензија – додаваат од министерството.

- Advertisement -
Ad image

Според анализите, корист ќе имаат преработувачката индустрија, металургијата, автомобилската индустрија и енергетскиот сектор, сектори што носат значаен удел во извозот и отворањето на нови работни места.

Share This Article