Background

Македонија бара бод за подобар бараж за Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф го игра последниот и најважен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

За да го задржи второто место во групата и да обезбеди поповолен ривал во баражот, на Македонија ѝ е доволен и нерешен резултат против Велс.

Селекторот Благоја Милевски најави оптимизам пред дуелот, истакнувајќи дека психолошката подготвеност ќе биде клучна.

- Advertisement -
Ad image

– Подготвени сме за предизвикот. Ова е решавачки меч, но мојата порака до играчите е да уживаат. Велс е квалитетна селекција, но и двете екипи останаа речиси исти како на првиот натпревар во Скопје. Верувам дека ќе одговориме и ќе ги исполниме целите – рече Милевски.

Капитенот Енис Барди додава дека репрезентацијата со нетрпение го чека овој дуел.

– Имаме привилегија да ја претставуваме Македонија. Иако во Кардиф ќе има помалку наши навивачи, знаеме дека целата држава е со нас. Не чека тежок натпревар, но знаеме како да одговориме – изјави тој.

Велс влегува во ова финале значително ослабен, без двајца клучни играчи од средниот ред, Итан Ампаду и Џордан Џејмс, кои се суспендирани поради жолти картони заработени на нервозниот дуел со Лихтенштајн.

Белами мораше да го правда и тесното издание (победа од 1-0) против аутсајдерот, објаснувајќи дека морал да го менаџира товарот на играчите, како Даниел Џејмс, кој се враќа од повреда.

Селекторот на Велс покажа голем респект за стилот на игра на Македонија, истакнувајќи дека очекува трпелив натпревар.

– Свесни сме дека мораме да победиме, но мораме да бидеме и трпеливи. Тоа е клучот. Македонија се брани длабоко. Тие се среќни да немаат посед, но имаат способност за контранапади, така што мора да бидеме свесни за тоа – анализираше Белами.

Во отсуство на повредениот Бен Дејвис и суспендираниот Ампаду, капитенската лента на Велс утре ќе ја носи Хари Вилсон.

Македонија веќе има обезбедено пласман во плејофот благодарение на настапите во Лигата на нации, каде што беше меѓу најдобрите второпласирани. Денешниот резултат само ќе одреди против кого ќе игра во баражот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation