На улица во Љубљана во петокот бил пронајден мртов човек, кој по анализите и истрагата, е идентификуван како 38-годишен маж од Македонија, соопшти словенечката полиција
– Пронајденото безживотно тело, кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана, му припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија – потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана Шпела Шкопорц.
Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт.
– Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди – најави портпаролката.