Background

Лукашенко, лидерот на Белорусија, и американскиот адвокат Џон Квејли, човек од доверба на американскиот претседател, отвориле канал кој, наводно, води до рускиот лидер Владимир Путин

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Александар Лукашенко, лидерот на Белорусија, и американскиот адвокат Џон Квејли, човек од доверба на американскиот претседател, отвориле канал кој, наводно, води до рускиот лидер Владимир Путин, пишува „Волстрит џурнал“.

- Advertisement -
Ad image

Лукашенко, кој долго беше во политичка изолација поради бруталното задушување на протестите во 2020 година, сега изненадно излегува на сцената како посредник меѓу две суперсили. „Волстрит џурнал“ наведува дека Лукашенко воспоставил личен однос со Џон Квејли, што го направил Квејли специјален пратеник на Трамп.

Квејли претходно го застапуваше Трамп во судски спор со „Фејсбук“.

Адвокатот, како што пишува весникот, во Белорусија не само што преговарал за политички прашања, туку и со Лукашенко зборувал за лекови за слабеење. Тој му го препорачал лекот„Зепбаунд“, а белорускиот лидер наводно веднаш се заинтересирал да го набави од САД.

Вотка, палачинки и делови за „Боинг“

Двајцата, велат сведоци, пиеле вотка, јаделе палачинки со кромпир и — пцуеле. Така, Квејли успеал да изгради доверба со Лукашенко, кој постепено го отворил патот за нов канал на комуникација меѓу Трамп и Путин. Белорускиот амбасадор во Обединетите нации дури побарал од САД дозвола за продолжување на испораките на делови за авиони „Боинг“, вклучително и за личниот авион на Лукашенко.

Слобода за Зенкович, сигнал за САД

Во пролетта, Квејли добил повик од Стејт департментот да замине во Белорусија и да го ослободи Јури Зенкович, адвокат и активист со двојно државјанство, белоруско и американско. Тој бил осуден на 11 години затвор за „обид за државен удар“.

Лукашенко го ослободил како гест на добра волја, а тоа, според американските извори, било сигнал дека е подготвен за ново отворање кон Западот.

„Зепбаунд“ и дипломатскиот шепот

Интересот на Лукашенко за лекот за слабеење „Зепбаунд“ не бил само шега. Белата куќа почнала да разгледува начини за обезбедување на пристап до препаратот за белорускиот претседател.

Во меѓувреме, САД ја олесниле продажбата на делови за „Боинг“ на белоруската авиокомпанија „Белавија“ во замена за ослободување на повеќе од 250 политички затвореници.

Американската администрација го претставува тоа како „пример за дипломатска реципроцитетна формула“ — мала концесија за голем ефект.

„Ќе се сретнеме со Трамп, но не го заборавам Путин“

Лукашенко неодамна отворено најави дека преговорите со САД можат да доведат до средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој рече дека ситуацијата „се движи кон голем договор“ и дека „сè се движи кон тоа Трамп и јас да се сретнеме и да постигнеме договор“, истакнувајќи дека Белорусија сака да го повтори отворањето на американската амбасада во Минск што беше затворена по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Лукашенко, сепак, додаде дека Белорусија не ја заборава својата блиска врска со Русија и дека тие односи остануваат важни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation