Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска, по повеќечасовна средба со рускиот претседател Владимир Путин, дека постои „добра понуда“ за преговори што украинското раководство треба да ја прифати, доколку не сака да ја загуби целата земја.
– Има добра понуда на маса. Ако Украинците не ја прифатат, ќе го изгубат она што останало. Володимир Александрович (Зеленски) треба да се смири и да запре – рече Лукашенко.
Тој изјави дека во 2022 година, на почетокот на војната, Украина можела да го задржи истокот, освен Крим, но поради одбивањето на компромис, изгубила уште територии.
– Ако сега не застанат, ќе ја изгубат целата Украина – предупреди тој.
Лукашенко додаде дека предложената иницијатива прво била предадена на американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска и потоа доставена до Вашингтон за разгледување.
Белорускиот лидер истакна дека заедно со Путин го разгледале извештајот на рускиот Генералштаб и оцени дека е тешко да се запрат руските сили, бидејќи „повеќето поголеми населени места се речиси ослободени“.
Пред средбата руските медиуми го забележаа редок момент кога рускиот лидер Владимир Путин кратко беше оставен да чека во салата.
Рускиот претседател стоеше сам на црвениот тепих, гест што некои го толкуваат како симболична порака за новата динамика во нивните односи. На снимката Путин за кратко ги разгледува предметите на масата оставени до белоруското знаме.
Белорускиот лидер пред средбата за медиумите навести дека ќе му достави пораки од американската страна на Путин, јавува РТ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
