Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц е избран за канцелар во вториот круг на гласање во Бундестагот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц е избран за канцелар во вториот круг на гласање во Бундестагот, откако неговиот сојуз со социјалдемократите изненадувачки беше поразен во првиот обид.

За шест гласа не успеа првиот обид Фридрих Мерц да биде избран нов канцелар на Германија утринава, 6 мај, во германскиот Бундестаг. Првпат во историјата на Германија се случува земјата да не избере канцелар.

Неуспехот на Мерц веднаш да ја добие поддршката од парламентот претставува преседан во повоена Германија и е непријатно искуство за политичарот кој ветуваше дека ќе го заживее економскиот раст во време на глобални тензии, пишува Ројтерс.

Во вториот круг од гласањето, новото мнозинство успеа , а Мерц доби 325 гласови. Иако се очекуваше партиите да направат пауза од неколку дена пред новото гласање, претставниците на ЦДУ и СПД ја добија поддршката од Левицата и Зелените за вториот круг од гласањето.

Нивниот договор предвидува планови за заживување на растот, вклучувајќи намалување на данокот за претпријатијата и пониски цени на енергијата. Исто така ветува силна поддршка на Киев и засилување на военото трошење.

Мерц, кој има 69 години, политичката кариера ја почна како пратеник во Европскиот парламент во 1989 година, а со именувањето на оваа функција за прв пат влегува во извршната власт и допрва треба да ги покаже своите лидерски капацитети.

Share This Article