Лекорну по втор пат составува Влада, целта е да се усвои буџетот за 2026 година

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Француското претседателство го објави новиот владин кабинет, предводено од премиерот Себастијан Лекорну. Владата е формирана со цел да се избегне продлабочување на политичката криза во земјата и да се усвои буџетот за 2026 година.

„Единственото нешто што е важно е интересот на земјата“, објави Лекорну на социјалната мрежа „Икс“, заблагодарувајќи им се на министрите, „кои учествуваат во ова владино тело потполно слободно, без оглед на лични и партиски интереси“.

Ролан Лескир, близок сојузник на претседателот Емануел Макрон, е именуван за министер за финансии. Тој ја презема функцијата во време кога Владата е под силен притисок за усвојување на буџетот за 2026 година во длабоко поделениот Парламент.

Како и претходно, министер за надворешни работи е Жан-Ноел Баро, министер за правда Жералд Дарманин, додека функцијата министер за вооружени сили ја добива досегашната министерка за труд, Катрин Вотрен.

Најзначајната промена во изборот на министерски позиции е новиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, шеф на париската полиција. Тој го заменува Бруно Ретајо, лидерот на конзервативната Републиканска партија, кој има претседателски амбиции.

Лекорну синоќа се сретна со Макрон, два дена по неговото повторно именување за премиер. Тој е под притисок брзо да презентира буџет, за да ги исполни уставните рокови. Според кабинетот на претседателот, предлогот мора да биде готов до среда, за да се усогласи.

Лидерката на француската ултрадесничарска партија, Национален собир, Марин Ле Пен на „Икс“ најави дека веднаш ќе поднесе гласање за недоверба на Владата.

„Претседателот на Републиката мора што поскоро да го објави распуштањето на Националното собрание, за да му даде можност на францускиот народ да ја изрази својата волја и да избере ново мнозинство за промени, кое несомнено ќе го предводи Жордан Бардела“, истакна Ле Пен.

Конзервативната партија Републиканци соопштени дека на 10 октомври нејзиното политичко биро гласало против учество во владата.

- Advertisement -
Ad image

„Како резултат на тоа, членовите на Републиканците кои се согласија да се приклучат на Владата повеќе не можат да тврдат дека се членови на Републиканците. Тие веднаш ќе ги прекинат своите функции во нашите управни тела, кои ќе ги свикаме во наредните денови за да донесеме конечна одлука“, се наведува во партиското соопштение.

Лидерката на Зелените, Марин Тонделиер наведе дека нема да ја коментира новата Влада.

„Сите знаат што мислам“, вели таа.

- Advertisement -
Ad image

Лидерот на француските социјалисти, Оливие Форе на „Икс“ објави: „Без коментар“.

Share This Article