Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците во Газа не е доволно конкретен за палестинската државност, јавија британските медиуми.
– Забележавме дека мировниот план на Трамп се однесува само на Појасот Газа. Државноста се споменува, но на многу општ начин. Важно е да се разјаснат овие прашања, вклучително и што ќе се случи на Западниот Брег – изјави Лавров пред новинарите во арапските земји.
Тоа беше досега најкатегорична изјава на Русија за планот на Трамп, забележаа британските медиуми.
Според Русија, тој не е доволно детален и сеопфатен, иако Лавров исто така рече дека Русија се надева дека сите договори постигнати меѓу Израел и Хамас според планот ќе бидат спроведени во пракса.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека Русија е подготвена да ги поддржи мировните напори преку своите контакти со земјите во регионот.