Background

Културниот дом „Есма Реџепова“ ќе биде симбол на културната енергија на општината, вели Ѓорѓиевски

Нов фудбалски стадион, реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ и спроведување на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“ се низа инфраструктурни и социјални проекти за Шуто Оризари кои денеска ги најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Според него, овие вложувања се дел од визијата за рамномерен развој на Скопје, каде секоја општина добива шанса.

Најавениот фудбалски стадион ќе има трибини, соблекувални, осветлување и пристапна инфраструктура, и ќе служи за спортски активности на младите, но и за локални и за регионални натпревари и за општествени настани.

- Advertisement -
Ad image

Планирана е и целосна реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со нови терени, зелени површини и урбана опрема, со цел да се врати неговата улога како центар на спортот и рекреацијата.

Во областа на културата, Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, кој ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино и младински активности.

– Со изградбата на новиот Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, вложуваме во културата како темел на заедништвото и локалниот идентитет. Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности, но и симбол на достоинството, традицијата и културната енергија на Шуто Оризари. Со тоа оддаваме и посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура, која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари, туку и Скопје и цела Македонија во светот – истакна Ѓорѓиевски.

Во рамки на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“, тој најави системска поддршка за граѓаните во социјален ризик, преку финансиска помош, хуманитарни пакети, психосоцијална поддршка и програми за преквалификација. Ќе се формираат и прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation