Починатиот маж претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Амбулантни возила и полиција веднаш се упатиле на местото на настанот, а осомничениот бил уапсен, објави „Билд“.
Полицијата соопшти дека неговиот идентитет е сè уште непознат, како и неговата поврзаност со компанијата. Нема информации за мотивот на нападот.
„Наш главен приоритет се повредените и разјаснување на точните околности на злосторството“, соопшти полицијата.