Изминува еден месец откако градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со голема помпа ветуваше дека ќе ја премести скандалозната реклама – кафез на казино „Фламинго” од влезот на градското пристаниште. Еден месец подоцна, рекламата не само што сé уште гордо стои на истото место, туку ситуацијата прерасна во отворен криминал и узурпација на јавниот простор.
Но вистинскиот скандал не е во неисполнетите ветувања -,туку во фактот дека криминалната банда од казино „Фламинго” веќе еден месец незаконски узурпира три паркинг места со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори” Охрид!
Узурпација без дозвола – отворен криминал
Криминалната банда од казиното „Фламинго” не само што поставиле рекламни кафези и возила во центарот на Охрид за што не поседуваат ниту било каква писмена дозвола од Општина Охрид, туку работат само врз основа на пречутна усна наредба. Ова е класичен пример како се прекршува законот на виделина.
Фирмата „Макотен” ДООЕЛ Гевгелија – Казино „Фламенго” Охрид, на ваков начин му нанеле штета на ЈП „Билјанини извори” Охрид од 216.000 денари заклучно со 21.08.2025 година. Штетата се зголемува со секој изминат ден, а ниту Општина Охрид ниту ЈП „Билјанини извори” преземаат мерки!
Незаконска урбана опрема без одлука
Делот пред охридското пристаниште не е опфатен како локација во одлуката за поставување на урбана опрема на Советот на Општина Охридза 2025 година. Ова значи дека целокупното присуство на казино рекламите на оваа локација е незаконско.
Согласно погоре изнесеното и законската легислатива во РСМ, очигледно е дека некој дебело си поигрувал со Кривичниот законик во смисла на член 353 во ст.1, ст.2 и ст.3 – злоупотреба на службената положба и овластување.
Кој го покрива криминалот?
Нејасно е како Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори” дозволиле да трпат финансиска штета од 216.000 денари која се зголемува секој ден,повторно на теретна даночните обврзници на град Охрид. Дали се работи за неспособност, или за свесно покривање на криминални дејствија или соучесништво?
Додатно, движењето на пешаците во овој дел не само што е отежнато, туку претставува општа опасност за граѓаните и туристите кои посетуваат најубавиот дел од Охрид,за што МВР треба посебно да се запраша.
Градоначалникот Пецаков и Општина Охрид со своето молчење и неделување станува соучесник во овој криминал. Додека тој се прави дека „работи на решавање”, криминалната банда од „Фламинго” продолжува да прави профит на штета на јавното претпријатие и граѓаните.
Секој ден што поминува без дејствување е уште еден ден на толерирање на криминалот. Секој ден е уште повеќе пари украдени од граѓаните на Охрид.
Кривична пријава – единственото решение
Времето за дипломатски разговори и празни ветувања заврши. Потребна е итна кривична пријава против:
- Фирмата „Макотен” ДООЕЛ Гевгелија за незаконска узурпација на јавен простор
- Одговорните во Општина Охрид за злоупотреба на службената положба
- Сите што учествувале во овој криминален синџир
216.000 денари се веќе украдени од граѓаните на Охрид. Колку уште ќе украдат додека некој конечно не каже „доста”?Јавниот обвинител при ОЈО Охрид не треба да биде статист за потребите на казино „Фламинго“ и криминална дружина.
Ѕидот на срамот не е доволен за ваков криминал. Потребна е затворска решетка.
Сашо Денесовски