Конзервативците и социјалдемократите постигнаа начелен договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија (СПД) денеска соопштија дека постигнале начелен договор за формирање влада која планира да инвестира во заживување и превооружување на земјата, најголемата европска економија.

– Изготвивме заеднички документ и постигнавме договор за цела низа прашања. Сите сме уверени дека имаме голема задача што треба да ја исполниме соочени со предизвиците со кои се соочува цела ЕвропА – изјави идниот конзервативен канцелар Мерц, додавајќи дека партнерите најверојатно следната недела ќе почнат детални преговори кои ќе доведат до формирање на нова извршна власт.

Копретседавачот на СПД Ларс Клингбејл оцени дека е направен првиот чекор во договорот за формирање коалициска влада.

СПД го прифати контроверзниот предлог на конзервативците за зајакнување на граничните контроли „во договор со европските партнери“ и враќање на илегалните имигранти.

Социјалдемократите од своја страна го наметнаа своето барање за зголемување на минималната плата за 15 евра.

Двете страни во текот на неделата се договорија за гигантска инвестициска програма вредна неколку стотици милијарди евра наменета за повторно вооружување и инфраструктура.

Разговорите за формирање нова влада будно ги следат европските соседи кои очекуваат Германија да игра поголема улога во безбедноста и одбраната додека континентот се мобилизира за да ја намали зависноста од САД на Доналд Трамп, пренесе Бета.

Share This Article