Background

Контроверзниот Мартин Куни спасил илјадници предвреме родени бебиња

Мартин Артур Куни (роден како Мајкл Коен, 1869 – 1 март 1950), во медицинските кругови и во јавноста станал познат како „Доктор Инкубатор“, по неговиот „Инфанториум“ – изложба на инкубатори на саемите за која посетителите плаќале 25 центи за да ги видат предвремено родените бебиња изложени во нив.

Куни е најпознат по својот Инфанториум на Кони Ајленд, Њујорк во 1939 и 1940 година. Во време на активните години на Куни на саемите низ Америка, се верувало дека предвремено родените бебиња се „слабаци“, кои не се способни да преживеат во зрелоста. Куни бил еден од првите застапници за предвремено родени бебиња, а неговите Инфанториуми станале широко признати за спасување на животите на над 6.500 предвремено родени бебиња. Куни е дополнително признат како еден од пионерите на неонатолошката технологија иако всушност, немал лекарска диплома.

Бебињата ги облекувале во облека за кукли

Куни вработувал медицински сестри и доктори во бели мантили кои се грижеле за бебињата поставени во стаклено-челични инкубатори. Тие биле родени многу предвреме и со тежина далеку под здравата граница. Бидејќи продавниците не произведувале облека доволно мала за нивните кревки тела, сестрите ги облекувале во фустанчиња за кукли и плетени капчиња.

- Advertisement -
Ad image

Над влезот стоел натпис „Живи бебиња во инкубатори“, напишан со букви толку големи што можеле да се прочитаат и од другата страна на теренот на Светската изложба во Чикаго, која се одржувала 18 месеци во 1933 и 1934 година. За изложбата биле задолжени водечкиот чикашки педијатар д-р Јулиус Хес и тој, Мартин Куни, познат низ цела Америка како „доктор на инкубаторот“. Куни бил човек во шеесеттите, со проретчена седа коса, мустаќи и погрбена фигура – нешто што на шега го припишувал на живот исполнет со наведнување над бебиња. Тој и Хес вработиле тим од шест медицински сестри и две доилки.

Целиот текст за д-р Инкубатор побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation