Претставничкиот дом, предводен од републиканците, усвои закон со кој ќе се намали странската помош и финансирањето на јавните медиуми за 9 милијарди долари. Законот претходно беше усвоен од Сенатот, а сега треба да го потпише претседателот Доналд Трамп.
Претставничкиот дом со 216 гласови „за“ и 213 „против“ усвои закон со кој ќе се намалат трошоците за 9 милијарди долари.
Поголемиот дел од намалувањата на странската помош ќе ги погодат посиромашните земји, особено оние погодени од болести, конфликти и природни катастрофи, според германскиот „Дојче веле“. Со законот се намалуваат и средствата за Јавното радиодифузно претпријатие (CPB) за 1,1 милијарда долари (950 милиони евра). Втората е одговорна за распределба на владини средства до јавните медиуми NPR и PBS.
Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, предлогот има за цел „да воспостави здрава фискална политика во земјата“. Таа ги обвини NPR и PBS дека со години користат владини средства за „промовирање на левичарска агенда“.
Лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, предупреди дека намалувањата на финансирањето, меѓу другото, ја поткопуваат меката моќ на САД низ целиот свет и го ограничуваат пристапот до основни информации преку јавните медиуми за руралните Американци, објави Ројтерс.