Коњановски: Битола добива современа противпожарна станица, проект за безбедна иднина!

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Територијалната противпожарна единица во Битола е најстара на Балканот и датира од 1836 година. Овој факт сам по себе дава доволно голема тежина, изградбата на новата зграда да се нарече капитален проект, кој ќе им овозможи современи услови за нашите пожарникари.

Досега, завршена е првата фаза – карабина со средства од буџетот на општина Битола во вредност од околу 53 милиони денари, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2.

Во втората фаза, преку грантот на Министерството за одбрана на САД, во вредност од милион американски долари, ќе се доуреди објектот и ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност. Преку грантот ќе се уредат противпожарните системи, улиците, приодите, односно се она што ќе ја направи зградата да биде функционална.

Нашите пожарникари, кои речиси секојдневно се на терен за заштита на општината од пожари, заслужуваат повеќе од она што досега го имале како услови за работа.

Затоа на 19 Октомври ве повикувам да заокружите број 9.

За континуитет на започнатите проекти.

Со твојот човек !

За твоето место !

За твојата иднина!

- Advertisement -
Ad image
Share This Article