Background

Кој пати од бруталната влага во Шангај?

Додека повеќето тенисери едвај дишеле на Мастерсот во Шангај, се чини дека рускиот ас Данил Медведев – уживал. Неочекувано, тој признал дека му годат суровите услови, каде другите патат и дека и тој „пати со нив“, што наводно го прави среќен.

– Многумина страдаат кога е над 33 степени, а јас страдам уште на 28. Но овде сите страдаат, па тоа ме прави еднаков со нив – изјави Данил Медведев, насмеан по победата над Давидович Фокина со 6:3, 7:6.

Но, токму овие зборови се толкуваат како скриено „пецкање“ кон Новак Ѓоковиќ, кој прв јавно се пожали на екстремната влажност во Шангај. Српскиот шампион нагласи дека му е тешко да се справи со топлото време, кое го нарече „брутално“, велејќи дека „влажноста надминува 80% секој ден. Ми е многу потешко отколку пред неколку години“.

- Advertisement -
Ad image

Реакцијата на „пецкањето“ на Медведев не изостана, ури и сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, веднаш се насмеала на оваа негова изјава.

 

 

Објавувајќи коментар со иконка што се смее од срце, Јелена индиректно ставила до знаење дека ја сфаќа провокацијата со доза на хумор.

Без зборови, но доволно јасно, нејзиниот коментар е оставен под видеото на Тенис Ченел, каде Медведев „со насмевка“ објаснува зошто му годи што сите страдаат од вжештеноста. Таа реакција веднаш добила десетици лајкови, а и другите коментатори го поддржале хуморот на Русинот, нарекувајќи го „легендарен“ и „премногу забавен“.

Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Шангај. Тој го победи Германецот Јаник Ханфман во три сета со резултат 2:1. Сетовите беа 2:1, или 4:6, 7:5, 6:3.

Не е сигурно дека на тенисерот од Србија му било лесно, а како и обично, Ѓоковиќ имаше неколку изливи на бес. Тој гласно и насилно проколна во еден момент, а коментаторот рече:

– Ако не си слушнал, дали би сакал да ти го повторам? Можеби би сакал, но не ми е дозволено.

Интересно, додека Новак се борел на теренот, неговата сопруга Јелена била забележана на модна ревија на „Лакост“ во Париз. Облечена во брендот што Новак го носи со години, таа привлекла внимание со својот изглед, токму во моментот кога нејзиниот сопруг бил индиректно прозван.

Денес, Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до четвртфиналето против Хаумеа Мунара, околу 12:30 часот. Но, временските услови веројатно нема да му одат во прилог.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation