Кобна судбина го снајде едно турско семејство од Хамбург, Германија, на одмор во Истанбул – починаа сите, татко, мајка и две мали деца

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кобна судбина го снајде едно турско семејство од Хамбург, Германија, на одмор во Истанбул – починаа сите, татко, мајка и две мали деца.

Првично сомнежот бил дека станува збор за труење од расипани полнети школки, популарна улична храна во турската метропола. Но, сега медиумите пишуваат за нелегални инсектициди што се користеле во хотелот во кој биле сместени членовите на семејството Бочек.

Оваа теорија е поткрепена и од фактот дека неколку други гости на истиот хотел моментно се на лекување.

Властите за време на викендот го евакуираа и го запечатија хотелот во населбата Фатих, наведе државната агенција Анадолија.

Во меѓувреме, приведени се десетина осомничени: во петокот четворица продавачи на улична храна, во саботата уште тројца осомничени, меѓу кои и одговорното лице во хотелот, пекар од околината на хотелот, а денеска уште двајца вработени во хотелот.

Засега е нејасно дали апсењата се поврзани.

Турските власти првично не дадоа коментар.

Семејството од турско потекло од Хамбург, татко, мајка, шестгодишен син и тригодишна ќерка, пред една недела допатувало во Истанбул. Во средата, според Анадолија, семејството било примено во болница под сомнение за труење со храна поради гадење и повраќање, но набрзо биле отпуштени

Откако состојбата им се влошила, целото семејство во текот на ноќта повторно било пренесено во болница. Набргу двете деца починале, а потоа во петокот починала и мајката. Таткото бил на интензивна нега, но и тој починал.

- Advertisement -
Ad image

Семејството доаѓало на одмор во Турција секоја година.

Share This Article