Барселона во следните три недели ќе биде на теренот без услугите на Бразилецот Рафиња поради повреда на тетивата, објави синоќа каталонскиот гигант.
Поради повредата, Рафиња ќе ги пропишти дуелите од шпанското првенство против Реал Сосиедад на 28 септември и Жирона на 18 октомври, на домашен и против Севиља на 5 октомври, на гостински терен.
Воедно, Барселона ќе биде без стандардниот Бразилец и на претстојниот дуел на домашен терен против ПСЖ на 1 октомври, во рамки на 2. коло во Лигата на шампиони.
Покрај Рафиња, во редовите на Барселона се повреди и голманот Жоан Гарсија, кој ќе мора да го оперира менискусот на левото колено и ќе биде надвор од терените до шест недели.
Гави е надвор од терените веќе некое време, откако имаше операција на коленото и ќе биде надвор од терените шест месеци.
Добрата вест за тренерот Ханси Флик е веројатното враќање на Ламин Јамал овој викенд, како и на Алехандро Балде.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
