Нема победници во царинските војни, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг за време на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез во Пекинг.
„Одење против светот води до самоизолација“, рече кинескиот претседател.
Санчез е во дводневна посета на Кина, негова трета во исто толку години. Посетата доаѓа во време на ескалација на трговска војна меѓу САД и Кина.
„Развојот на Кина во изминатите седум децении е резултат на самодовербата и напорната работа, а не на наклонетоста на другите. Кина нема да отстапи пред каков било неправеден притисок“, објави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на платформата X по средбата на двајцата официјални лица во Пекинг во петокот.