Background

Кина му испрати видео одговор на Трамп за трговската војна

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Кина нема да се повлече во трговскиот конфликт. Тие ја споредија американската политика со „окото на торнадо кога сè изгледа мирно за момент, но јасно е дека доаѓа уште посилна бура“.

Во видеото, до меѓународната заедница се апелира да се спротивстави на, како што го нарекуваат, „американското малтретирање“, а преку низа примери ги покажуваат наводните негативни последици од американската економска доминација. Како илустрација, тие споменуваат како, според нив, „агресивната американска економска стратегија уништила компании како Тошиба и Алстом, а воедно предизвикала долгорочна економска штета на некои земји, како што е Јапонија“.

-Попуштањето пред насилникот само ја продлабочува кризата. Кина нема да падне на колена, вели нараторот во видеото, кое е снимено на англиски јазик со кинески превод. Пораката ја прикажува Кина како симбол на слободна трговија и сигурен партнер на глобалната сцена.

- Advertisement -
Ad image

САД во видеото се нарекуваат „хартиен тигар“ и се нагласува дека оваа земја не го претставува глобалното мнозинство.

„Насилниците се хартиени тигри, а САД не го претставуваат светот. Кога светот зборува со еден глас, САД остануваат изолирани“, се вели во пораката, во која се предупредува дека Вашингтон ќе продолжи да води нестабилна и агресивна политика.

Како заклучок, Пекинг вели: „Нема да се повлечеме. Дури и послабите ќе имаат можност да им се чуе гласот. Колку е потемна ноќта, толку се посветли ѕвездите“, гласи крајот.

Иако видеото не ги споменува директно царините од 145% што Трамп ги воведе врз кинескиот увоз, ниту пак кинеските одмазднички царини од 125%, објавата на кинеското министерство за надворешни работи доаѓа токму кога Трамп сигнализира можна отстапка.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, ги нарече високите царини „неодржливи“. Од друга страна, Трамп инсистира дека Пекинг мора да испрати силна понуда за евентуално да го принуди Вашингтон да ги ублажи или откаже царините. Трамп, исто така, инсистира дека е во постојана комуникација со Кина, што Кина го негира.

Во исто време, Кина ги повикува другите земји да не ги следат САД и заедно да „ги пробијат ѕидовите на хегемонијата“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation