Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го остварување на суверените права во одбрана на „братска нација“, објави денес KCNA.
„Нашето учество во конфликтот беше праведно и во рамките на суверените права на нашата Република“, рече Ким.
Тој исто така рече дека ги смета сите „храбри војници кои учествувале во операцијата Курск за херои“.
Ким Џонг Ун, исто така, рече дека Пјонгјанг нема да се двоуми да одобри употреба на воена сила доколку САД продолжат со, како што рече, воените провокации против Русија, според извештајот на севернокорејската агенција што го објави Хина.