Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, во количина од над 30 литри на метар квадратен за 24 часа. Локално ќе има услови за невреме со засилен ветер, со брзина над 60 километри на час и со појава на ретки грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 6 степени во Берово, а максималната ќе достигне 18 степени во Гевгелија и во Демир Капија.

Во Скопје времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 14 степени.
УХМР издаде временско предупредување за следнте денови. Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и со ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд, над 30 литри на квадрат. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни, со количини од 15 до 25 итри на квадратен метар.




























